НАШИ ПАРТНЕРИ

Соработувавме со производители од целиот свет за да ви донесеме исклучителни решенија за дијагностика и опрема за сервиси за автомобили и камиони.

Autocom развива светски водечки уреди за дијагностика на автомобили, комерцијални возила, приколки и автобуси од 1991 година. Денес тие исто така нудат производи и услуги кои обезбедуваат ефективни текови и за работилници со еден вработен и за големи синџири на работилници. Тие изградија сеопфатна база на податоци што овозможува брзо и лесно отстранување на проблеми на десетици илјади различни модели на возила.

Autocom е во сопственост на Würth-групацијата од Германија.

Компанијата „Injector Service“ е основана во 2000 година од Владимир Постоловски, кој дипломирал на Воениот институт за радио електроника и е специјалист за радарски системи.

Injector Service е фокусиран на истражување, развој и производство на автомобилски осцилоскопи.

Во минатото дигиталните осцилоскопи беа многу скапи и обично беа базирани на персонален компјтер со дополнителен хардвер. Аналогните осцилоскопи имаат тенденција да бидат гломазни. Аналогните осцилоскопи немаа лесен начин за складирање и повторување на брановите форми и затоа беа со ограничена употреба како за дијагностика на автомобили. Владимир Постоловски заедно со група програмери започна со развој на мал, сигурен и достапен осцилоскоп дизајниран првенствено за автомобилска дијагностика со висококвалитетен приказ и обработка на сигналот.

Во 2002 година започна тестирањето на првите осцилоскопски единици. Овие единици беа наречени USB Autoscopes и ја користат предноста на USB влез.

Една од главните разлики помеѓу Autoscope и слични уреди е снимањето и прикажувањето на информациите за сигналот без рамка (непрекинато). Обемот на снимените информации е ограничен само од количината на слободен простор на дискот на лаптопот или компјутерот.

Софтверот кој што беше развиен заедно со хардверот овозможува да се работи со многу различни моќни скрипти. Овие скрипти имаат единствена карактеристика што овозможуваат автоматска, длабинска анализа на сигналите.

HaynesPro е провајдер на автомобилски податоци и работни процеси со повеќе од 25 години искуство во справување со различни предизвици во автомобилската послепродажба.

HaynesPro е интуитивен, лесен за користење систем за технички информации, кој е усовршен со години на развој за да стане водечки извор на точни информации.

HaynesPro обезбедува секојдневни податоци потребни за генерално сервисирање и поправки на возила, како и голема библиотека на корисни податоци. Со електричните системи и напредните технологии што стануваат се посилни карактеристика во модерните возила, станува неопходно да се располага со квалитетни технички информации, дијаграми и информации за тестирање.

Дополнително, системот содржи ОЕМ технички билтени со симптоми, причини и решенија, поддржани со грешки во работата, нивниот анализ и детали за отстранување на грешки. HaynesPro содржи извонреден извор на поправки и совети за ретки грешки поврзани со специфични модели.

Wera Tools е популарното име за производителот на алатки Wera Werkzeuge GmbH (формално Wera Werk Hermann Werner GmbH & Co KG) од Вупертал, Германија. Основана е во 1936 година. Wera Tools е позната по својот слоган „Be A Tool Rebel“ кој може да се најде на пакувањето на многу од нивните производи.

Производите на Wera вклучуваат шрафцигери, делови за шрафцигери, момент клучеви, приклучоци и L-клучеви. Алатките Wera се користат главно од професионалци, вклучувајќи градежници, електричари и механичари.

Power Probe е компанија посветена на создавање на иновативна, лесна за употреба дијагностичка опрема за автомобилската индустрија. Тие се стремат да го подобрат сето она што го прават, а линијата на уреди Power Probe го одразува тоа бидејќи продолжува да расте во обид да ги задоволи сè покомплексните потреби на денешниот автомобилски техничар.

Во согласност со посветеноста на иновациите, тие неодамна го објавија новиот уред Power Probe „The Hook“. Овој нов производ ја револуционизира идејата за тоа што може да направи тестер на стујно кола.

Power Probe се наоѓа во Бреа, Калифорнија каде што ја произведуваат линијата Power Probe и каде што ѓи дизајнираат идни производи.